Со честото користење на вашиот декантер за вино тој може да се обои, бидејќи танините и пигментот од црвеното вино создаваат остаток и дамки. Со текот на времето ваквиот остаток на вино може да ја смени малку аромата на идните декантирани вина. Редовното чистење го одржува вашиот декантер чист и без дамки. Се разбира, чистењето на декантерот може да биде по застрашувачки за разлика од чистењето на чашите. Постојат повеќе форми и големини на декантери и вински чаши, но чистењето на ќошињата и вратот на декантерот е малку потешко, речиси невозможно. Но! Ние сме тука да ви помогнеме... За нашата помош да има подобри резултати за чистење на декантерот и дамките, најпрво треба да разберете што тие дамки содржат • Танини - колку е постаро виното, толку помалку растворливи во вода може да бидат. • Пигменти - добро се раствораат во алкохол. • Преостанатиот или не-ферментиран шеќер - лесно се раствора во топла вода. • Киселини - растворливи во вода и во алкален раствор. • Плус низа други органски молекули. |