MASOM
  • Home
  • Training
  • WORKSHOPS
  • EVENTS
    • VSbCMB >
      • Vranec Selection Tour 2023
    • TASTE OF AWARDS 2024 >
      • WINE GUIDE 2024
      • Gallery ToA24
      • Gallery ToA23
    • GrandVin Spring Wine Salon >
      • 360 Virtual visit 2023
      • Gallery 2024
      • Gallery 2023
    • Grand Vin >
      • Gallery 2022
      • Gallery 2021
      • Online edition 2020
      • Gallery 2019
    • Summer Wine >
      • Galery
    • Wine Terraces Ohrid >
      • Gallery 2019
  • Membership
  • Jobs
  • Contact

За добар сомелиер пристапот е клучното правило - Разговор со Игор Младенов

2/5/2020

0 Comments

 
Игор Младенов, успешен сомелиер, доаѓа од мало место, но тоа не го спречува да сонува големо.  Себеси се смета за истраен, комуникативен и амбициозен. А нас ни беше чест да поразговараме со овој млад сомелиер и да ни раскаже дел од својата приказна. 

Picture

Здраво, прво претстави ни се, кој е Игор Младенов?

Игор Младенов е дипломиран агрономски инженер и искусен едуциран сомелиер.
​Роден 1990, доаѓа од Неготино а работи во сектор за вински туризам за добро позната мала винарија во Дубровник, Хрватска.

Игор, што те инспирира да станеш сомелиер? ​

Нешто што од секогаш ме привлекувало е уметноста на правење на вино, каде во соработка со природата се добива најстариот пијалок на светот. Приказната придружена со чаша вино ме заинтригира да одам подалеку во оваа професија. Од каде доаѓа, како е направено и зошто е показател на одредена винска регија се само неколку од прашањата кои сакав да ги дознаам, а подоцна и бев спремен да ги одговорам на професионално ниво. ​

​Која е улогата на сомелиерот во ресторанот или винаријата?

Тој мора да биде појдовна точка за конзументот на вино. Да помогне при изборот на вино и адекватно искомбинира со храна. Внимателна селекција, соодветно место за чување како темературата и влажноста на виното се клучна одговорност на сомелиерот. Покрај тоа,  одлуката за винската карта која треба да биде во согласност со храната која се нуди па дури и изборот на чаши се другиот дел каде треба да донесе одлука. Главна предност на имање на сомелиер е тоа што може несебично да едуцира персонал за безпрекорно функционирање и преку професионално знаење го инкорпорира во работната средина. ​

Што го прави добар сомелиерот? ​

Сметам дека ова е доста индивидуално прашање па ќе кажам дека од професионална гледна точка пристапот е клучно правило кое мора да постои. Сомелиерот мора да биде маркантен, позитивен и полн со самодоверба како би ја пренел истата енергија кон спротивната страна. Клиентите веќе очекуваат да бидат пријатно изненадени па зошто да не им го понудиме тоа?!
Да не заборавиме дека богатиот речник и познавање на додатен јазик е суштински како би се претставиле покрај на домашни така и на клиенти кои доаѓаат од друга држава.

Како се справувате со барања од познавачи односно оние кои прв пат се сретнуваат со винска листа? ​

Ова ми е омилениот дел од работата. Тука треба добро да се препознае психологијата на конзументот. Јас многу често поставувам под прашања или ја користам интонацијата како би открил повеќе за нивното барање а притоа да не бидам наметлив. Луѓето уживаат кога им се посветува внимание па доколку безрезервно се посветиме нема место за сомнеж дека евалуацијата на изборот ке биде прифатена. ​
Picture

Како го одржувате вашето знаење секогаш свежо? ​

Виното секоја година е уникатно, приказна само за себе каде од година на година постојано се менува. Секојдневното читање стручна литература секогаш ме одржува во добро темпо. Поминување време со луѓе од оваа професија и тестирања вино секогаш е добродојдено. Нешто што би го посочил како незаменливо искуство е честото патување низ вински региони, а посета на винарија е вистинско доживување и ви ја доловува целата приказна. ​

Што мислите за сомелиерството кај нас?

За нашето вино и топлото гостопримство надалеку се слуша. Традиција и квалитет имаме а во последните неколку години и нагорна линија на винска култура во висок пораст. Како резултат на тој подем е формирана првата асоцијација на сомелиери на Македонија, водена од професионални едукатори за чии обуки покрај угостителскиот свет, покажуваат интерес и останати љубители на вино. ​

И за крај, што би му препорачале на оние кои размислуваат да ја започнат својата кариера во оваа насока?

Дефинитивно би ги охрабрил. Ова е професија која бара посветеност и вложување на време дури и кога работното време е завршено. Доколку сте некој кој сака да работи во динамична атмосфера пред поголем број луѓе наоколу, тогаш сте спремни да почнете, сетилата се развиваат со искуството а сѐ другото се учи.
Picture
0 Comments



Leave a Reply.

    Author

    MASOM

    Претплати се

    * indicates required

    Picture
    400 x 400 px

    Picture
    Ivana's Wine Blog

    Picture
    400 x 400 px

    Picture
    wine portal

    Picture
    400x 400 px

    Picture
    wine blog

    Categories

    All

    RSS Feed


Location - Macedonian Asociation of Sommeliers MASOM

  • Home
  • Training
  • WORKSHOPS
  • EVENTS
    • VSbCMB >
      • Vranec Selection Tour 2023
    • TASTE OF AWARDS 2024 >
      • WINE GUIDE 2024
      • Gallery ToA24
      • Gallery ToA23
    • GrandVin Spring Wine Salon >
      • 360 Virtual visit 2023
      • Gallery 2024
      • Gallery 2023
    • Grand Vin >
      • Gallery 2022
      • Gallery 2021
      • Online edition 2020
      • Gallery 2019
    • Summer Wine >
      • Galery
    • Wine Terraces Ohrid >
      • Gallery 2019
  • Membership
  • Jobs
  • Contact