Почитувани,
Со големо задоволство ве информираме дека успеавме на најголемиот патувачки вински натпревар Concours Mondial de Bruxelles да обезбедиме посебен статус за вината од сортата вранец. Имено, сите вина во кои вранецот е доминантно застапен ќе се оценуваат на посебен панел и ќе бидат надвор од квотата на 30% награди од вкупниот број испратени вина на натпреварот. OIV регулативата од максимум 30% награди и понатаму ќе се спроведува но одвоено за вината од сортата вранец. Со овој статус обезбедуваме повеќе награди за македонските производители, како и можности за промоции на македонскиот вранец патувајќи низ светот заедно со самиот натпревар. Оваа година најголемиот CMB вински натпревар посветен на мирните црвени и бели вина, ќе се одржи во Кина. Пријавувањето на вината за овој натпревар е до 02 април 2025 на следниот линк Red & White Wine Registration - Concours Mondial de Bruxelles каде имате и детални информации. За дополнителни информации ви стоиме на располагање. Со почит,
|