ОНЛАЈН СОМЕЛИЕРСКИ ОБУКИ
Македонската Асоцијација на Сомелиери - МАСОМ нуди три нивоа на обуки за стекнување со конечната титула СЕРТИФИЦИРАН СОМЕЛИЕР
Испитите за секој од тие нивоа е поделен на теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел кандидатите можат да го полагаат преку МАСОМ онлајн платформата. Додека практичниот дел кандидатите можат да го полагаат онлајн, во договорен термин преку ZOOM апликацијата. повеќе детали

МАСОМ ниво 1 - Вински Послужувач |
MASOM Wine Server
сертификатот обезбедува влез во светот на вината и јаките алкохолни пијалоци. Ова ниво нуди основни познавања и вештини кои треба да ги соваладаат идните сомелиери. Воедно претставува платформа врз која вино-производителите може да ги постават своите вински презентации наменети за персоналот во угостителството. Првото ниво е составено од пет модули преку кои овозможивме на кандидатите во склад со своите средства и време постепено да го совладаат теоретскиот дел. |
Засебно секој модул нуди обука која им овозможува на кандидатите чија цел не е да се стекнат со сертификат туку само со информацијии од одредена област, да одбере тоа што го инетресира (пр. готвачите само модулот впарување храна и вино)
Првиот модул "Професија Сомелиер" е бесплатен и нуди информации за бенефитите од вклучување на работната позиција сомелиер како и дел од клучните работни задачи кој треба да ги извршува.
За кандидатите кои претендираат за сертификатот MASOM Wine Server сите модули се задолжителни.
За ова ниво кандидатите ќе можат да го проверат своето знаење преку онлајн тест кој содржи 30 прашања извлечени од сите пет модули. За секое прашање ќе бидат понудени неколку одговори од кои кандидатите ќе треба да го одберат вистинскиот. Времетраење на тестирањето е 30 минути, а за негово успешно совладување потребни се 70% точни одговори или 21 точно одговорено прашање.

Кандидатите кои успешно ќе го совладаат првото ниво ќе се стекнат со следното знаење
1. Што е сомелиер и неговата улога
2. Клучни фази на одгледувањето грозје и на винарството:
- Наведување на основните делови на грозјето и што содржат тие;
- Наведување на клучните фази во годишниот циклус на одгледување грозје и учење што се случува за време на зреењето;
- Наведување и дефинирање на различните клими за одгледување грозје и објаснување како можат тие да влијаат врз карактеристиките на грозјето;
- Наведување на условите и производите на алкохолна ферментација;
- Именување и наведување според правилниот редослед на клучните фази на производството на бело, црвено и розе вино.
3. Видови, карактеристики и стилови на вина од главните сорти грозје и други примери на вина:
- Дефинирање на видовите вино и карактеристиките што придонесуваат за нивните стилови;
- Наведување на главните сорти грозје и идентификување на карактеристиките и стиловите на нивните вина;
- Идентификување и поврзување примери на вина од главните сорти грозје со сортите грозје, видовите, карактеристиките и стиловите на вина;
- Идентификување и поврзување други примери на вина со видовите, карактеристиките и стиловите на вина.
- Систематски пристап за дегустација. Ќе научите како да го опишувате виното преку туторирана дегустација.
4. Како да чувате и да послужувате вино:
- Идентификување и опис на основните принципи за правилно служење и складирање вино и
- Идентификување на главните интеракции на храната и виното и препознавање на ефектот што обично го имаат врз виното.
5. Основни интеракции помеѓу компонентите од храната и виното како патоказ до перфектно впарување
Цена на курсот
Цената ги опфаќа наставните материјали и надоместокот за испит.
Во цената на курсот не се вклучени материјалите потребни за вежбите (вино, храна и т.н.). Препорака за потребните материјали ќе најдете пред почетокот на секој модул.
МАСОМ ќе организира водени деустации поврзани со нивото на обука за која кандидатите ќе треба да одвојат дополнителен надомест во висина не попвеќе од 15 € по кандидат за првото ниво
За сите дополнителни информации слободно контактирајте не на [email protected]