|
"Вкусот на Наградите 2025" - The Taste of Awards 2025 е целовечерен вински настан, во предвечерието на "Светскиот ден на вранецот", посветен на македонските вина, со фокус на тие кои освоија меѓународни признанија во 2025 година.
Овој целовечерен настан е предвиден да се одржи на 03/10/2025 во Хотелот Мериот со почеток во 18:30. |
|
"ТоА е мал формат на вински настан, но голем по квалитет и број на наградени вина. Нуди уникатно винско искуство со информативно - едукативна основа, како за тие кои професионално работат во еногастрономскиот сектор, винската индустрија, туризам, едукација, журналистика, така и за винските ентузјасти и тие кои едноставно уживаат во вината. Настанот претставува одлична можност за запознавање со тековните вински стилови и квалитетот на македонското винарство, гледно низ призмата на независните меѓународни вински судии, кои пак имаат значајно влијание во креирање на винските трендови во светот". |
|
Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите македонски вина кои освоија високи оценки од над 90 поени на светски реномираните вински натпревари во 2025 година, како што се:
DWWA - Decanter World Wine Awards, CMB - Concours Mondial de Bruxelles, Mundus Vini и BIWC - Balkans International Wine Competition. Издвојуваме дел од вината во винскиот водич |



