"Вкусот на Наградите 2024" - The Taste of Awards 2024 е целовечерен вински настан, во предвечерието на "Светскиот ден на вранецот", посветен на македонските вина, со фокус на тие кои освоија меѓународни признанија во 2024 година.
Настанот ќе се одржи традиционално во хотелот Хилтон - 55 Руф Бар на 04 Октомври 2024, во период од 18:00 - 23:30 часот. |
Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите македонски вина кои освоија високи оценки од над 90 поени на светски реномираните вински натпревари во 2024 година, како што се:
DWWA - Decanter World Wine Awards, CMB - Concours Mondial de Bruxelles, Mundus Vini и BIWC - Balkans International Wine Competition. Издвојуваме дел од вината во водичот на настанот |
Посетителите на мастеркласот ќе имаат можност преку професионална дегустација, водена од искусен експерт и вински судија, подлабоко да се запознаат со највисоко оценетото вино од секој изложувач на ТоА24.
На мастеркласот ќе бидат појаснети и процесите на оценување на меѓународните натпревари, бодовната поврзаност со квалитетот на вината и нивното значење за крајниот потрошувач. |
"ТоА е мал формат на вински настан, но голем по квалитет и број на наградени вина. Нуди уникатно винско искуство со информативно - едукативна основа, како за тие кои професионално работат во еногастрономскиот сектор, винската индустрија, туризам, едукација, журналистика, така и за винските ентузјасти и тие кои едноставно уживаат во вината. Настанот претставува одлична можност за запознавање со тековните вински стилови и квалитетот на македонското винарство, гледно низ призмата на независните меѓународни вински судии, кои пак имаат значајно влијание во креирање на винските трендови во светот". |
Подржувачи на настанот