MASOM
  • Home
  • Training
  • WORKSHOPS
  • EVENTS
    • GrandVin spring edition
    • Grand Vin >
      • Gallery 2022
      • Gallery 2021
      • Online edition 2020
      • Gallery 2019
    • Summer Wine >
      • Galery
    • Wine Terraces Ohrid >
      • Gallery 2019
  • Membership
  • Jobs
  • Contact

Сите сакаме Шардоне

19/5/2020

1 Comment

 
Picture

Робусна, здрава лоза, Шардоне своите корени ги влече од Бургундија, вински регион во Франција. За разлика од која било друга бела винска сорта, шардонето доживеа во минатото експлозивна популарност и поради тоа, како и својствата на сортата, може да се најде скоро насекаде во светот. 

Консумерите сакаат Шардоне затоа што е лесно за уживање, со својата извонредна привлечност, релативно висок алкохол и пријатна освежителна киселост. Лозарите пак, го сакаат поради неговата вродена адаптибилност како сорта и бидејќи лесно се развива продуктивно и профитабилно (дава добар принос и зрее рано). Воедно, за винарите претставува "бело платно" и се радуваат на различните техники за производство на Шардоне: не само широк спектар на суви бели вина, туку и нежни пенливи вина, па дури и исклучително успешни слатки бели вина ароматски зачинети со ' благородната гнилеж '- botritic cinerea. 
Поради својата релативно неутралност во аромата и вкусот, шардонето лесно ја изразува климата (или тероарот) во кој се одгледува или методите по кои е произведено. 
Неговата способност да се прилагоди на различни почви и клима го прави едно од најсадените грозје во светот, а неговата разноврсност произведува широк спектар на стилови што виртуелно го исполнуваат вкусот на секој консумент. А стиловите зависат од почвата, климата, винарските техники и постапките на стареење. 
Од остри, чисти и овошни до богати, кремасти и дабови, Шардоне има многу различни лица. Овој текс има за цел да обезбеди јасен и концизен преглед на сортата и неговите различни стилови, како и техинки на правење вино, па прочитајте така што во иднина ќе можете да направете подетален избор кога станува збор за Шардоне. 

Потекло 

Picture
Иако има малку информации за тоа кога точно грозјето е воведено во винарството, генетските истражувања покажуваат дека Шардоне е резултат на вкрстување на сортите Gouais Blanc и Pinot Noir. Грозјето потекнува од регионот Бургундија во Франција, каде локалните селани напоредно ги одгледувале овие две сорти.

Распространетост

Picture

Профил

Следниов профил служи како општо, севкупно запознавање на Шардоне.
Picture

Шардоне од ладна клима

Picture
​Растено на ладна, поморска или континентална клима, Шардоне има полесно тело и пониско ниво на алкохол. Изразува јасна зелена јаболка, круша и живи цитрусни ноти. Во зависност од почвата, често се забележува цврстина. ​

Шардоне од умерена клима

Picture
Шардонето што го прави својот дом во умерена клима има полно тело и малку повеќе алкохол во споредба со  Шардонето од поладна клима. Аромите и вкусовите се движат од жолти праски, до диња и зрела круша.

Шардоне од топла клима

Picture
Ова Шардоне има полно тело, бојата е со длабока златна нијанса и со највисок алкохол, може да достигне дури до 15%. Овие вина прикажуваат богати, зрели тропски овошни ноти како ананас и манго, банани или смокви. ​

Шардоне зреено во дабови буриња

Picture
Употребата на даб има големо влијание врз Шардоне, пред сè затоа што вината зреени во даб се подложени на секундарна малолактична ферментација, која што има омекнувачки ефект врз киселоста на Шардоне и додава кремаста структура. 
Покрај тоа, самиот даб дава дополнителни ноти на ванила, тост, орев, чад, па дури и зачини. 

​Шардоне не зреено во дабови буриња - цитрусно

Picture
Шардоте зреено во не'рѓосувачки челик (не даб) се обично посвежи и посветли и ќе имаат одреден степен на острина. Овој стил може да варира на вкус од овошен профил на жолто јаболко, кора од цитрус, свеж ананас и манго, до цветен профил на бели цвеќиња. 

Пенливо вино

Picture
Шардонето е единствената бела сорта која се користи за производство на Шампањ. Се подложува на секундарна ферментација во шишето што создава не само карактеристични меурчиња за шампањ, туку и квасни ароми на свежо печен леб, тесто и тост. Вкусовите му варираат од лимон, саќе, жолта јаболка, печена ванила и лешник до кора од лимон, минерали и растението орлов нокт.
Picture

Subscribe to Newsletter
1 Comment
Soundproofing Contractors Riverside link
20/7/2022 08:06:18 am

Thanks for shariing this

Reply



Leave a Reply.

    Author

    MASOM

    Претплати се

    * indicates required

    Picture
    400 x 400 px

    Picture
    Ivana's Wine Blog

    Picture
    400 x 400 px

    Picture
    wine portal

    Picture
    400x 400 px

    Picture
    wine blog

    Categories

    All

    RSS Feed


Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • Home
  • Training
  • WORKSHOPS
  • EVENTS
    • GrandVin spring edition
    • Grand Vin >
      • Gallery 2022
      • Gallery 2021
      • Online edition 2020
      • Gallery 2019
    • Summer Wine >
      • Galery
    • Wine Terraces Ohrid >
      • Gallery 2019
  • Membership
  • Jobs
  • Contact