MASOM
  • Home
  • Training
  • WORKSHOPS
  • EVENTS
    • GrandVin spring edition
    • Grand Vin >
      • Gallery 2022
      • Gallery 2021
      • Online edition 2020
      • Gallery 2019
    • Summer Wine >
      • Galery
    • Wine Terraces Ohrid >
      • Gallery 2019
  • Membership
  • Jobs
  • Contact

Зошто постојат различни форми на чаши е едно од прашањата што ќе ги одговориме сега

11/5/2020

0 Comments

 
Picture
​Без разлика дали е слатко или суво, бело или црвено, јако или лесно, виното бара многу специфични процедури за послужување со цел да го достигне својот полн потенцијал за вкус. Покрај соодветната температура за сервирање, секое вино бара специфичен стил на чаша. За да извлечете максимум од вашето вино, прелистајте низ текстов подолу како да изберете идеална чаша за вашето вино. Плус ќе научете нешто повеќе околу винските чаши. 

Анатомија на винската чаша

Picture
​Винската чаша е составена од четири дела - основа, стебло, сад и раб. Основата ја дава стабилноста на чашата. Оттаму, стеблото ја издолжува чашата и му овозможува на консумерот да ја држи без да ја зголеми температурата на виното од раката. Исто така, спречува отпечатоците од прстите да останат на садот од стаклото. 
На врвот на стеблото се наоѓа садот. Садот е веројатно најважната карактеристика на чашата. Треба да биде доволно голем за да може удобно да се провртува виното без да се истури и треба да ја засили, задржи и концентрира аромата на виното. На црвените вина со полно тело им е потребен поголем простор за да земат "здив" и да ја ослободат својата арома; затоа, потребна е чаша со поголем сад за служење. Спротивно на тоа, белите вина обично се служат во помали и чаши со потесен сад, или оние што се во облик на „U“. Ова дава доволно простор да се ослободи алкохолот веднаш и ги истакне овошните карактеристики. Flute чашата се користи за служење на пенливи вина, бидејќи тие помагаат меурчиња да траат подолго и понудат убав визуелен перлаж. Комплексните пенливи вина направени по традиционална метода, се послужуваат во Tulip Redux кој овозможува подолго задржување на аромите.  
На највисокиот дел од садот лежи работ. Работ на чашата треба да биде потенок и помазен, подебелите, заоблени рабови се знак на ефтино изработена чаша.
Picture

Различните форми на винските чаши влијаат на вкусот на виното ​

Да видиме кои чаши се служат со кои вина... 
​

Црвените вина имаат посложени вкусови и имаат потреба од поголема аерација за да ги ослободат тие вкусови, и обично се служат потопли за разлика од белите вина. Со цел да се добие поголема аерација, чашите се  пошироки, овозможуваат кислородот да покрие поголема површина од виното. Исто така, поради тоа што тие се служат потопли, црвените вина честопати се држат на садот наместо на стеблото. 
Picture
Picture
Picture
Picture
Picture
Белите вина обично немаат голема придобивка од аерацијата и генерално се служат поладни, така што може да се сервираат во помала чаша. Чашите за бели вина имаат помал отвор за разлика од чашите за црвени вина што значи дека виното ќе понуди концентрирани овошни ароми и малата количина нема да дозволи загревање на виното, што пак значи почесто налевање од шишето кое се лади. Белите вина обично се држат за дршката (стеблото) за да се спречи загревање на виното со телесната темпертура од нашата рака.
Picture
Picture
Picture

Која е стандардната мерка за налевање вино во винската чаша?

Во ресторанската индустрија имаме две сценариа: Доколку гостинот си порачува шише вино, сомелиерот ја полни чашата до таму каде што почнува да се стеснува чашата - тоа е отприлика 125-150 ml. Доколку порачува вино на чаша - тогаш стандардната доза е 175 ml (6oz). Некои ресторани практикуваат да налеат повеќе или помалку, во зависност од цената на виното. Некои чаши имаат дури изгравирано и линии за точно да се налева секој пат.
За дегустации, стандардна мерка е околу 50 ml, доволна за да се мирисне и вкуси виното. За зајакнатите (ликерни) вина и десертните вина од доцна берба, мерката е од 80 ml, бидејќи имаат повисок алкохол.   

Големина на винската чашата

Големината на винската чаша исто така влијае на тоа колку вино се налева. На пример, во помала чаша се чини дека има повеќе вино и обратно. Пенливото вино често се служи со мерка од 175 ml, како белото или црвеното вино, но може да изгледа како да има помалку вино поради формата на чашата. Важно е да не се преполнува винската чаша, бидејќи дополнителниот простор во чашата постои со причина, а тој служи за аромите. 

Кристална vs. Стаклена винска чаша

Сите кристални се стаклени, но не сите стаклени се кристални. Во принцип, содржината на олово одредува дали таа е класифицирана како стакло или кристал. Присуството на олово ја омекнува кристалната чаша, со што полесно се сече и гравира. За разлика од традиционалното стакло, кристалот е потежок и ја дифрактира светлината. Затоа денешните кристални чаши се прават без олово. 
Кога бирате помеѓу стаклена или кристална чаша, најпрво треба да размислете за приликата во која консумирате вино. Исто така, тука има разлика и во цената. Кристалните чаши ги подобруваат аромите на виното и нудат елегантен дизајн, што ги прави совршени трпезите или формални настани. 

    ПРАШАЊЕ

Submit
Picture
0 Comments



Leave a Reply.

    Author

    MASOM

    Претплати се

    * indicates required

    Picture
    400 x 400 px

    Picture
    Ivana's Wine Blog

    Picture
    400 x 400 px

    Picture
    wine portal

    Picture
    400x 400 px

    Picture
    wine blog

    Categories

    All

    RSS Feed


Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • Home
  • Training
  • WORKSHOPS
  • EVENTS
    • GrandVin spring edition
    • Grand Vin >
      • Gallery 2022
      • Gallery 2021
      • Online edition 2020
      • Gallery 2019
    • Summer Wine >
      • Galery
    • Wine Terraces Ohrid >
      • Gallery 2019
  • Membership
  • Jobs
  • Contact