Традиционално, постојат два начина да се разберат вината: по сорта или по регион. Овој пристап е многу точен, но бара многу учење. За среќа, можете да започнете да ги класифицирате вината според 9 пошироки стилови што ќе го олеснат учењето за илјадниците сорти на вино и региони. Наш предлог е да започнете од телото на виното.
0 Comments
Робусна, здрава лоза, Шардоне своите корени ги влече од Бургундија, вински регион во Франција. За разлика од која било друга бела винска сорта, шардонето доживеа во минатото експлозивна популарност и поради тоа, како и својствата на сортата, може да се најде скоро насекаде во светот.Примарните ароми во виното се квалитети што ги открива нашето сетило за мирис и се специфични за сортата на винското грозје. Примарните ароми поттекнуваат од грозјето и генерално се поделени на овошни, хербални, цветни, па дури и понекогаш се јавува мирис на зеленчук.
Без разлика дали е слатко или суво, бело или црвено, јако или лесно, виното бара многу специфични процедури за послужување со цел да го достигне својот полн потенцијал за вкус. Покрај соодветната температура за сервирање, секое вино бара специфичен стил на чаша. За да извлечете максимум од вашето вино, прелистајте низ текстов подолу како да изберете идеална чаша за вашето вино. Плус ќе научете нешто повеќе околу винските чаши.
Дегустацијата на виното е комплициран универзум, па дури и експертите прават понекогаш грешки. Најголемата грешка е да се верува дека за проценка на виното треба да се има техничко познавање за него. Овие дополнителни информации би можеле да ви помогнат, но тие нема да го подобрат вашето искуството за вкус. Направете го ова едноставно како предност. Па, да поразговараме за некои грешки што сите ги правиме кога консумираме вино.
Игор Младенов, успешен сомелиер, доаѓа од мало место, но тоа не го спречува да сонува големо. Себеси се смета за истраен, комуникативен и амбициозен. А нас ни беше чест да поразговараме со овој млад сомелиер и да ни раскаже дел од својата приказна.
Со честото користење на вашиот декантер за вино тој може да се обои, бидејќи танините и пигментот од црвеното вино создаваат остаток и дамки. Со текот на времето ваквиот остаток на вино може да ја смени малку аромата на идните декантирани вина. Редовното чистење го одржува вашиот декантер чист и без дамки.
Се разбира, чистењето на декантерот може да биде по застрашувачки за разлика од чистењето на чашите. Постојат повеќе форми и големини на декантери и вински чаши, но чистењето на ќошињата и вратот на декантерот е малку потешко, речиси невозможно. Но! Ние сме тука да ви помогнеме... Кога гостите на еден ресторан нарачуваат шише вино со вечерата, се случува да бидат презаситени или запознаени со селекциите понудени на менито. Во оваа сценарио тие можат да побараат совет од сомелиерот.
|